Пожарникари без опрема и со дотраени возила од минатиот век се единствената надеж за спас од пожар. Се повеќе негативни реакции од граѓаните кои и не знаат дека пожарникарите вложуваат натчовечки напори да ги спаст од огнот, но ефикасноста е намалена поради нивната неопременост.
Според податоците на Центарот за граѓански комуникации во земјава од вкупно 220 возила за противпожарна заштита 154 односно 70 отсто се произведени во минатиот век. Просечната старост на овие возила е 27 година. Струмица и Валандово ги поседуваат најстарите противпожарни возила произведени во 1966 година. Најголема просечна старост имаат противпожарните возилата во Кратово со просечна старот од 39 години. Во Кратово во 2010 година едно противпожарно возило е донација од Англија. Речиси сите понови возила кои ги поседуваат противпожарните единици се донации од странските земји, а нема податок колку и дали купил некој од општините или државата.
Но, за разлика од противпожарните возила, речиси нема градоначалник што не се почестил со скапо луксузно возило со пари од буџетот. Речиси секогаш сите се правдаат со потреба од купување на луксузно возило зошто патувале многу што укажува на ниската политичка култура и свест.
ИЗВОР:A1ON.MK