Честитки за екипите на BU coffee, Boulevard Bucks и книжарница 5+ за освоените медали и награди. Честитки и за Александар Шајкаров за освоената титула MVP на турнирот. Изминативе 3 дена на кошаркарското игралише на СОУ „Јане Сандански“ во 19:30 часот се одиграа натпреварите на вкупно 16 екипи. Најдобрите вечерва се бореа за награден фонд од 40.000 денари. За публиката следуваа награди за тројки (за возрасни) и лични (за деца) во вредност од 1.000 денари, пернички од АЛМАК – Струмица и пешкири од Фротирка – Делчево. Настанот е поддржан од Општина Струмица, Агенција за млади и спорт, Делегација на Европската унија, Јанев компани, Бу кафе, Еснаф, Сендвич бар, Cafe 19.
BU COFFEE ПОБЕДНИЦИ НА STREET BASKET НА СОФ 2019, АЛЕКСАНДАР ШАЈКАРОВ ИЗБРАН ЗА MVP НА ТУРНИРОТ!

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ: