Во Скопје изминатиот викенд се одржа првиот интернационален саем за тетовирање на кои учествуваа повеќе од 50 артисти од Германија, Исталија, Романија, Србија, Албанија, Бугарија, Црна Гора и од нашата Македонија. Артистите на саемот за тетовирање ги презентираа своите изработки од тетоважи во различни категории пред комисија составена од 4 членови првиот ден, и 5 члена вториот ден.
https://www.facebook.com/Tattoo.INKStrumica/videos/10157088100121461/
На интернационалниот саем за тетовирање учествуваше и нашиот артист од Струмица-Даниел Ангелов, кој учествуваше во категоријата (Црно-Бело реализам) и освои второ место. Ангелов исто така освои и прво место во категоријата (Најдобро од конвенцијата). Покрај наградите за на ѕид, Даниел Ангелов доби и машинка за тетовирање изработена рачно од Драган Бумбар Тривучич, еден од најдобрите мајстори во изработка на машинки за тетовирање во Европа.
Тимот на Струмица Денес му посакува многу успех на Даниел во иднина!