Голем дел од македонската поп и фолк естрада, денеска во спортската сала „Парк“ во Струмица со почеток од 20:00 часот, ќе пеат за нашиот Никола Новоселски од Муртино, на кого му се потребни финансии за да продолжи со неговото лекување во Русија во Москва. Влезниците изнесуваат 200 денари и може да се купат во „Кафе 19“, „Голд Кафе“, „Концепт Кафе“. „Ресторан Play“, „Разнопромет Ас“ и директно на влезот во спортската сала „Парк“ пред почетокот на концертот.
На истиот концерт ќе настапат: Сузана Гавазова, Благоја Груевски, Миле Кузмановски, Стојне Николова, Ленче и Горан Кукиќ, Ѓоко Јовиќ, Марјан Коцев, Тајзи, Енерџи Бенд, Болеро Бенд, Дрим Тим и многу други.
Сите во сала и да донираме!