„Џамбо Агушеви оркестар“ беа прв пат во главниот град на САД. И подарија незаборавна ноќ…
Не постои човек во Македонија, во САД, а веќе ниту во светот, кој не слушнал за оркестарот Агушеви. Нивната магична музика датира од 90 – тите кога биле поставени корените на првичниот состав.
Денес, младиот и талентиран Џамбо Агушев го презеде кормилото со кое патува низ светот.
„Имаме направено микс со модерни песни, со џез и со фанк мелос“, вели харизматичниот Ангушев.
Бројната публика не издржа под силата на магнетот од едночасовниот мелос…
„Почнаа да не` препознаваат, по мелодијата што ја свириме. Знаат кои сме, од каде доаѓаме“, вели Џамбо.
Точно. Не се повеќе непознат оркестар и во САД. Публиката знае од каде доаѓаат, што свират. По турнејата низ повеќе градови во САД , настапуваат на престижен музички фестивал во Колумбија. Потоа, следи турнеја во Франција, Германија…
Прогласени за еден од најдобрите оркестри на Балканот. А признати – секаде!
ИЗВОР: ГЛАС НА АМЕРИКА
https://www.facebook.com/glasnaamerika/videos/2164604123680980/?t=1