Струмица Денес доби информации дека лицето Марјан Велев коe на 13.05.2019 година е пријавен за исчезнат, а на 14.05.2019 е пронајден, во моментот поради повреди се наоѓа на лекување во струмичката болница. Веднаш по добиените информации побаравме известување од СВР Струмица и струмичката болница. Од болницата ги потврдија информациите дека Марјан Велев во моментот се наоѓа на лекување таму, односно се наоѓа на одделот за хирургија.
Од СВР Струмица не известија дека на 14-ти мај 2019 година, во 14,00 часот во ПС од ОН –Струмица, пријавено е дека на 13.05.2019 година, исчезнало лицето М.В (54) од с.Добрејци. На 14.05.2019 година на локалниот пат с.Василево-Струмица лицето е пронајдено. СВР-Струмица превзема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.