Премиерот Зоран Заев со пост на неговата официјална ФБ страна ја објави листата на компании, што ќе одгледуваат канабис во државата за медицински цели. Станува збор за 15 компании, а инвестицијата е вредна 40 милиони евра.
Компаниите ќе бидат лоцирани во Скопје, Гостивар, Карбинци, Кочани, Валандово и Струмица, а според најавите, се очекува да бидат ангажирани 300 нововработени лица.
На листата компании со домашен и странски капитал, што добиле лиценци за одгледување канабис за медицински цели се наоѓаат и две струмички компании:
Канабис про – Струмица
Бул-Билдинг – Струмица.
ФОТО:ИНТЕРНЕТ