Со прекрасен настан кој што се одржа покрај езерцето во големиот градски парк, вчера во Струмица беше одбележан Меѓународниот ден на спортот за развој и мир. Учествуваа голем број деца и млади од повеќе спортски клубови кои изведуваа спортски активности на повеќе локации. На овој спортски настан присуствуваше и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, како и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, советници и претставници на национални и локални институции. Заедно со домаќинот, градоначалникот Коста Јаневски, ја испратија пораката за повеќе спортски активности на младите и поголема поддршка на спортот.