strumica denes logo

НА МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ТУРИЗАМ ВО БАРСЕЛОНА ПРОМОВИРАНА ОПШТИНА СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

март 27, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

март 27, 2019

Категории:

Струмица

Општина Струмица, во заедничка соработка со општина Струга, како партнери во спроведувањето на проектот „Промоција на туризмот и културата“ – ToCulter, учествуваше на една од најголемите меѓународни изложби за туризам во светот – меѓународниот саем за туризам „Б-Травел“ 2019 во Барселона, Шпанија.
Меѓународниот саем за туризам кој се одржа во периодот од 22 до 24 март 2019 година во Барселона заврши со одлични резултати – околу 45.000 посетители и над 500 водечки брендови кои нудат услуги во оваа индустрија.
Голем број изложувачи од над 60 земји во светот ги претставија своите производи и услуги во повеќе од 20 сектори од областа на туризмот во текот на тридневниот саем, кој го соединува туристичкиот сектор на меѓународно ниво и дава одлична можност за воспоставување нови врски и партнерства, како и нови договори за соработка, развој на веќе постоечки деловни односи, стартување и промоција на нови производи и услуги, размена на информации со домашни и меѓународни туристички експерти.
Претставници на општина Струмица, предводени од Претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски, остварија голем број на состаноци и средби со менаџери, раководни лица и високи претставници на меѓународни тур-оператори, компании и организации за поддршка на туризмот, асоцијации и агенции, потенцијални партнери и соработници, со кои се разговараше за можноста за организирање на туристички пакети за Струмица и струмичкиот микро-регион, а со тоа и на нашата земја, во нивниот систем за резервирање и планирање на патувања.
Беа презентирани и промовирани туристичките потенцијали и капацитети со кои располага општина Струмица, беа разменети и споделени информации, контакти, добри практики и искуства од повеќе области на туризмот, со посебен осврт на руралниот туризам, алтернативните форми на туризам, културно-историското наследство, како и практикување на спортски активности, при што се разбуди голем интерес кај посетителите кои ја доживуваат Струмица како неоткриена туристичка дестинација.
Учеството на општина Струмица, на покана на општина Струга како проектен партнер, на меѓународниот саем за туризам „Б-Травел“ 2019 во Барселона, Шпанија, се реализираше во рамките на спроведувањето на проектот „Промоција на туризмот и културата“ – ToCulter, финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Грција 2014-2020.