ЕНТУЗИЈАСТ-СТРУМИЦА ГО ОРГАНИЗИРА ДВАНАЕСЕТИОТ МЕМОРИЈАЛЕН ТРАДИЦИОНАЛЕН МЕЃУНАРОДЕН ПЛАНИНАРСКИ МАРШ „ВАНЧО АТАНАСОВ 2019“

март 26, 2019

ПК”ЕНТУЗИЈАСТ”Струмица го организира дваесетиот меморијален традиционален меѓународен планинарски марш ,,ВАНЧО АТАНАСОВ 2019,,кој ќе се одржи на ден 07.04.2019г. (недела)на планината Беласица.Ве покануваме да земате учество на истиот по следната маршута:

Тргнување од стара автобуска-зградата на Телеком -Поштата Струмица во 7,00 часот.Село Костурино 8,оо часот тргнување на учесниците на маршот,пристигнување во с.Орманли 9,3о час.краток одмор,Белешки ливади,преку Ќучук чешма споменик на петте струмички студенти каде има приготвено чај,краток одмор,потоа се продолжува до планинарска куќа Дедо Кољо Муртински 1160 м.н.в.пристигнување во 12-13 час.Ручекот за сите учесници е во 14,оо часот на планинарската куќа,обезбеден од организаторот, прибор секој да си понесе.Враќање-тргнување од планинарската куќа 15:оо часот пристигнување во с.Свидовица во 17:3о часот. Тргнување од с.Банско во 18:оо часот. Превозот од Струмица до Костурино и од с.Банско преку с.Свидовица до Струмица е обезбеден од организаторот.

Должината на патеката е 22 километри,одење шест часа(три часа и триесет минути искачување и два часа и триесет минути на враќање).Се очекува на маршот да земат учество над 500 планинари и љубители на природата. Спомен мајца секој учесник може да си купи за 150,оо денари.

Секој учесник на маршот доаѓа на сопствена одговорност и лично си одговара за својата психо-физичка кондиција. Лица за контакт: Дејан 070 791954; Васко 070 535688; Душко 077 984499; Коле 070 200848

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ