Во салата на Советот во домот на АРМ денеска се одржа инфо – сесија по објавениот повик „Предизвик за млади истражувачи“ за креирање на истражувачки проекти од областа на природните и техничките науки во организација на Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за образование и наука.
На сесијата учествуваа претставници на основните и средните училишта од регионот. Целта на иновацискиот натпревар е да се поттикнат наставниците и учениците да ги препознаат своите способности и да изготват предлог проекти кои ќе бидат парично наградени од Фондот за иновации и технолошки развој. Средствата што ќе ги добијат училиштата ќе можат да ги искористат за опремување на кабинетите и за набавка на лабараториска и друга опрема. Јавниот повик ќе биде отворен до 31.03.2019 година. Минатата година на првиот повик беа наградени два проекта на СОУУД „Димитар Влахов“ од Струмица.
OДРЖАНА ИНФО-СЕСИЈАТА „ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ“
Патријарх Александриски. Роден е на островот Кипар во кнежевско семејство. Воспитан од детството како вистински христијанин. На настојување од родителите…
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.…
За време на Студената војна, американската Централна разузнавачка агенција спроведе неверојатни експерименти кои го надминаа вообичаеното разбирање на науката. Еден…
Понудите за работа од компанијата на Илон Маск се достапни на официјалната веб-страница на компанијата, каде што нудат плата од…
Шеесет и пет годишен струмичанец вчера бил уапсен откако полицијата кај него и во неговиот дом пронашла дрога. Од МВР…
Дали би сакале да бидете дел од тимот на старечкиот Дом "Астреон" с.Банско? Старечкиот дом "Астреон" сака да го прошири…