Групацијата Трафигура преку својата подружница, инвестициската групација Галена Ресоурс Еквитис Лимитед (Galena Resource Equities Limited) ја зголеми својата инвестиција во проектот за рудник за бакар Иловица-Штука на компанијата Еуромакс Ресоурцес за дополнителни 6,9 милиони американски долари. Инвестицијата е направена преку Еуромакс Ресоуцес Лтд канадска компанија која котира на Берзата во Торонто. Зголемувањето на своите инвестиции во Проектот од страна на Трафигура е охрабрено од поддршката што Еуромакс ја добива од локалното население, како и конструктивните чекори кои македонската Влада ги презема за заедницата, а особено прогресот на интегративниот процес за влез во НАТО, што е силен сигнал за странските инвеститори.
Трафигура има богато искуство со изградба и управување со рудници низ целиот свет. Трафигура направи детална техничка и правна детална анализа на Еуромакс и Проектот во изминатите дванаесет месеци и потврди дека проектот Иловица-Штука е усогласен со целата македонска регулатива и е проектиран согласно најдобрите меѓународни практики за работење, заштита на животната средина и здравјето на луѓето.
Еуромакс пред повеќе од 1 година донесе одлука за откажување од цијанидот и со тоа е во целосна согласност со неодамна усвоените измени на Законот за минерални суровини.
Трафигура е подготвена да го води проектот Иловица-Штука кон процес на изградба и работење за да ја покаже неговата вредност и придонес за локалната заедница и останатите засегнати страни. Дополнителните финансии ќе се искористат за понатамошен развој на Проектот, вклучително и дополнителна техничка работа и активности во процесот на добивање дозволи, што ќе овозможи и почетни вработувања.
„Почетокот на интегративниот процес за влез на земјата во НАТО и напредокот во процесот за влез во ЕУ ја зголемија довербата на инвеститорите во нашиот проект. Овој позитивен сигнал беше засилен и од проактивнoста што Владата ја покажува за проектот Иловица – Штука. Ние одлучивме да се откажеме од употребата на цијанид, а новите финансии ќе бидат вложени во дополнителна техничка работа на терен и поддршка за локалното население. Кога Проектот ќе биде во фаза на работење ќе придонесе за значителен развој на националната економија, особено во регионот каде е лоциран рудникот. Очекуваме понатамошна заедничка соработка со локалното население.” изјави главниот извршен директор на Еуромакс Ресоурцес, Варшан Гокул.
Предвидени се 343 милиони евра инвестициja за изградба на Проектот и со тоа ќе биде најголемата гринфилд инвестиција во земјата која ќе донесе значителен поттик за економски раст.
Со приходи од над 180 милијарди американски долари за изминатата 2018 година, Трафигура е една од водечките светски независни трговски и логистички куќи со значајно рударско искуство во срцето на глобалната економија. Трафигура е посветена на исполнување на највисоките стандарди во синџирот за набавки, и секогаш во нејзиното планирање и донесување одлуки на прво место ги поставува здравјето, безбедноста, животната средина и заедницата. Покрај Трафигура, зад структурата на акционери и кредитори на Еуромакс стојат многу други престижни меѓународни институции, како Европската банка за обнова и развој, британскиот инвестициски фонд Ора Капитал, американскиот инвестициски фонд Eквинокс партнерс, Инвестек Банка и менаџерски тим и Одбор на директори со повеќе од 200 години заедничко искуство во рударскиот сектор .