strumica denes logo

ИНТЕРВЈУ: Маја Никова и нејзиниот талент за свирење гитара!

Автор:

Датум:

јануари 25, 2019

Категории:

Култура, Магазин

Автор:

Датум:

јануари 25, 2019

Категории:

Култура, Магазин

Маја Никова има 18 години и е студент на Градежниот факултет во Скопје, но причината поради која денес ќе ја претставиме на пошироката јавност е нејзиниот талент за свирење гитара.

-Maja, какви беа почетоците на твоето свирење гитара? Кој и кога те научи да свираш?

– Уште од најмала возраст сум голем љубител на музиката, но пред 2-3 години почнав да свирам гитара, која денес претставува мојата најголема љубов. Тргнувајќи од фактот дека сум левак, прв пат кога ја земав гитарата во свои раце, не го променив редоследот на жиците, како што тоа го прават сите леваци – гитаристи, туку почнав да свирам по обратен распоред на жиците. Да, беше тешко, но не и невозможно. Многумина професионални музичари беа импресионирани од начинот на кои ги изведувам моите “нови” акорди. Првите акорди ги научив од татко ми, а подоцна се потпирав на лекции од интернет.

-Имаш ли омилени изведувачи, и ако да, кои се тие?

-Најголем идол ми е Mateus Asato, гитаристот на мојата омилена светска ѕвезда Jessie J.

-Како балансираш меѓу обврските поврзани со факултет и музиката?

– Иако студирам на Градежен факултет во Скопје, сепак се трудам паралелно да посветам внимание на музиката и на факултетот.

-Дали можеби си дел од некоја музичка група, си имала ли досега јавни настапи?

-Не сум дел од ниедна музичка група, но имам настапувано на Хуманитарен концерт, организиран од страна на Црвен крст, како и на Летната школа за гитара со Влатко Стефановски – СОФ.

Во продолжение, нејзината акустична изведба на „Еве ме пак“ од Александра Јанева: