Направете еден совршен десерт, чоколадни облаци.
СОСТОЈКИ:
- 140 гр. маргарин
- 100 гр. шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 2 јајца
- 230 гр. брашно
- 30 гр. пудинг чоколаден во прав
- 2 лажици какао
- 2 лажички прашок за пециво
- 80 гр. јогурт
ПОДГОТОВКА:
- Се спремаат сите состојки и се загрева рерната на 180 степени.
- Се мати маргаринот со шеќер и се додаваат јајцата, па се става брашното постепено со мешање, па јогурт.
- Брашното се меша со сите суви состојки пред да се додаде, односно со ванилин шеќер, пудинг, какао и прашок за пециво.
- Се става смесата во шприц и се прават кекси кои се печат 15 минути.
- Декорирајте по избор со шеќер во прав или чоколадо.