Направете вкусен колач којшто е кремав, лесен и неодолив! Да не спомнува пак неговата брза подготовка…
СОСТОЈКИ:
- 1 л. млеко
- 1 шолја гриз
- 1 шолја шеќер
- 2 жолчки
- 250 гр. маргарин
- 20 гр. ванилин шеќер
- 150 гр. бисквити
ПОДГОТОВКА:
- Се матат со малку млеко гризот со шеќер и жолчките.
- Се става остатокот од млекото да зоврие, па се става смесата.
- Се трга кога ќе зоврие.
- Се додава маргаринот и се мати.
- Се става на тепсија од бисквитите натопени во млеко, па цел крем.
- Се лади и служи.