Направете вкусни крокети со кашкавал и кулен кои се поховани без брашно.
СОСТОЈКИ:
- 400 гр. гауда
- 160 гр. кулен
- презла
- сол и бибер
- јајца
Забелешка: со дадениве количества излегуваат 20 топчиња.
ПОДГОТОВКА:
- Се ренда кашкавалот и се додава ситно сечен кулен.
- Се става сол и бибер и се меша смесата убаво, па се прават топчиња, кои се валкаат во јајце разматено и презла, а потоа се пржат на масло.
- Пред да ги валкате во јајце совет е да ги ставите 10 минути во ладилник.