Се известуваат сите ученици од струмичките основни и средни училишта дека распустот се продолжува за два дена , т.е. на училиште ќе почнат од среда!
Владата на Република Македонија попладнево донесе итна мерка за продолжување на зимскиот распуст за два дена, односно заклучно со 22 јануари (вторник), поради континуирано зголемените концентрации на загадувачки честички во воздухот во повеќе градови во Македонија, како и метеоролошките прогнози за следните денови.