Православните христијани во Македонија денеска го слават празникот Богојавление – Водици. Во храмовите на Македонската Православна Црква се одржуваат литургии, а денеска традиционално се фрла крстот во македонските реки, езера и водни површини.
Годинава, најбрзиот во водите на Свидовица беше Трајче Делев. Доби голем број честитки од присутните како и од општината. Честитки од тимот на Струмица Денес.