Денес во водите на „Аквариус“ во Струмица беа фрлени два крста. Најпрвин беше фрлен едниот, но откако пријавените не можеа да го најдат беше фрлен и втор. Вториот крстен го фати Божинов Атанас, а останатите не се согласија со тоа па продолжија да го бараат првиот крст. По кратко време беше пронајден и првиот од Иле Неделков. Како и пријавените, така и присутните реагираа на овој чин, а пак минатогодишниот фаќач на крстот Лазо Длгио изјави дека: „Кога ќе има два животи, тогаш ќе фрлате два крста“, и рече дека вистинскиот среќник е Иле Неделков.
Инаку, ова е втор пат откако во светите води се фрлени два крста. Првиот пат беше пред неколку години кога крстот се фрлаше во водите на Воениот базен. Во продолжение погледнете што објави Лазо Длгио на својот официјален инстаграм профил: