Во техничка организација на Општински сојуз на училишен спорт на Струмица, под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Струмица, а во соработка со спортските новинари и спортските работници од Струмица, ќе се одржи традиционалната Манифестација – Избор на најдобрите спортски екипи, спортисти и тренери на Општина Струмица за 2018 година
Прогласувањето на најдобрите спортисти, спортски екипи и тренери од општина Струмица за 2018 година ќе се одржи на 25.ЈАНУАРИ 2019-та година, а местото на одржување ќе биде дополнително утврдено.
Оваа година изборот на најдобрите и најуспешни спортисти, спортски екипи и тренери, ќе се подели во две категории:
– КВАЛИТЕТЕН СПОРТ
– МАСОВЕН СПОРТ
КВАЛИТЕТЕН СПОРТ:
1. Најдобар спортист во млади категории –2 предлога;
2. Најдобра екипа во млади категории – 1 предлог;
3. Најдобар тренер во млади категории – 1 предлог;
4. Најдобар тренер – сениорски екипи – 1 предлог;
5. Најдобра екипа во сениорска конкуренција – 1 предлог;
6. Најдобар спортист – 2 предлога.
Во категорија МАСОВЕН СПОРТ (планинарство, ориентација, лов, риболов, училишен спорт, мотоспорт, велосипедизам, стрелаштво, гулабарство и други масовни спортови) се доставуваат предлози и кандидати за следните категории:
1. Најдобар спортист во млади категории –2 предлога;
2. Најдобра екипа во млади категории -1 предлог;
3. Најдобар тренер во масовен спорт – 1 предлог;
4. Најдобра екипа во сениорска конкуренција – 1 предлог;
5. Најдобар спортист во сениорска конкуренција – 2 предлога.
При доставувањето на предлозите потребно е да се достави и кратко образложение за најзначајните постигнати резултати и успеси на предложениот кандидат остварени во 2018 година. За меѓународните настапи и резултати на предложените кандидати, треба да се достави фотокопија на соодветен документ од организаторот на натпреварувањето.
Предлозите треба да се достават во што е можно во пократок рок, а најдоцна до 17. Јануари 2019 година / ЧЕТВРТОК / по електронска пошта
(е-маил)
sportistnagodinatastrumica@gmail.com