strumica denes logo

ДАЛИ ЗНАЕВТЕ ДЕКА ПОЗНАТАТА КОМПАНИЈА B-WATCH Е ОСНОВАНА ОД СТРУМИЧАНЕЦ ВО 1920 ГОДИНА?

Автор:

Датум:

декември 17, 2018

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

декември 17, 2018

Категории:

Струмица

Сигурно сте слушнале за B-WATCH, познатата компанија која ги дистрибутира брендовите на CASIO, Esprit , Esprit накит, Festina, Lotus накит, Pierre Cardin, Calypso, Haribo, Daniel Klein, Swiss Military, OBAKU, COVER, U.S.POLO ASSN и ременчињата HIRSCH. Но, дали знаевте дека главниот основач на оваа компанија всушност е струмичанец? Стефан Салџиев го изучувал часовничарскиот занает и баш затоа B-WATCH од улиците на Струмица, преку Старата Скопска Чаршија е приказна која се раскажува низ најголемите градови во Македонија.

Во 1920 година Стефан Салџиев решава да стане часовничар и осум години подоцна отвора дуќан во Струмица. Во 1960, Драган Салџиев, решавајќи да продолжи да чекори по стапките на својот татко продолжува да ги нуди своите часовничарски услуги во Старата Скопска Чаршија.

Речиси еден век по првиот основач на идејата, Емилија Богоевска (Салџиева) и сопругот Владимир Богоевски продолжуваат со испишувањето на оваа семејна историја која прераснува во успешна компанија изградена врз традиционални вредности.

  • 1920 год. Стефан Салџиев започнува со изучување на часовничарскиот занает.
  • 1928 год. Стефан отвара дуќан во Струмица.
  • 1960 год. Миодраг – Драган Салџиев отвара дуќан во Старата скопска чаршија кој е најстариот фамилијарен дуќан Zenit
  • (B – Watch) којшто сè уште функционира и во кој и ден денес се извршуваат сервисните услуги како и продажба на часовници.
  • 1991 год. Емилија Богоевска (Салџиева) со сопругот Владимир Богоевски ја продолжуваат семејната традиција.
  • 2010 год. во Трговскиот Центар Веро се отвара нов дуќан B – Watch.
  • 2010 год. во месец ноември во Градскиот Трговски Центар – Приземје се отвара нов дуќан на B – Watch.
  • 2013 год. во месец мај се отвора прв продажен салон во Штип
  • 2013 год. во месец декември се отвора нов продажен салон во Capitol Mall, нас. Аеродром, Скопје
  • 2015 год. во месец мај се отвора нов продажен салон во Охрид
  • 2016 год. во месец август се отвора нов продажен салон во Skopje City Mall