Синоќа во големата сала на НУЦК „Антон Панов“, струмичанецот ЈАНИ БОЈАЏИ пред својата домашна публика го претстави својот филм „РУГАЊЕ СО ХРИСТОС“ кој предизвика контраверзии кои ја брануваа цела Македонија. Со громогласен аплауз беше поздравен филмот кој зборува за граѓанската војна во Грција и настаните од 2001 година. Вечерва и утре исто така следуваат репризите со почеток од 19:00 часот.
ФОТО: СТОЛЕ АНГЕЛОВ