Повозрасните струмичани сигурно се сеќаваат на една од поинтересните историски случки во регионов. Неодамна приказната која со години се пренесува повторно стана актуелна откако беше споделена на струмичките фејсбук групи.
„На цар Борис III му била украдена наметката кога тој поминувал од струмичкото село Баница. Тоа се случило во 1942-1943 година кога царот дошол во посета на Струмица и посакал да го посети манастирот во Водоча. Во целата таа гужва на поминување од Баница неколкумина жители на селото кои собрале храброст му ја ја украле наметката. Откако царот дознал се обиделе да му објаснат за каков дел од овој крај станува збор. Тој се изнервирал и ветил дека тие жители ќе ги пресели на црвено поле. За нивна среќа наскоро после оваа случка царот умрел па успеале да се спасат“.