strumica denes logo

СЛАВЧО ПОПОСКИ: Подгответе се за студен бран и температури до -10°C

Автор:

Датум:

ноември 14, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

ноември 14, 2018

Категории:

Култура
People walk along West 59th Street near Central Park bundled against the cold in advance of a winter storm on January 2, 2014 in New York. The northeastern United States prepared Thursday for snow, high winds and frigid temperatures, as a gust of wintry weather bore down on New England and surrounding states, cancelling flights. Temperatures in New York were expected to drop to 10 degrees Fahrenheit (minus 12 degrees Celsius) with a windchill factor of minus nine degrees Fahrenheit, according to national weather forecasts. AFP PHOTO/Stan HONDA (Photo credit should read STAN HONDA/AFP/Getty Images)

Уште денес и утре останува натпросечно топло време со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.

Веќе од утре ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер со што ќе започне спуштање на студен воздух од север, исто така поради ветерот ќе има и прочистување на атмосферата и воздухот.

Времето и понатаму ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со умерена облачност додека услови за слаб локален дожд и снег на повисоките места и на планините ќе има во петок.

Особено значително опаѓање на температурите на воздухот ќе има од петок како и за време на викендот кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 1 степен додека на високите места и на планините истите ќе се спуштат дури и до околу -10 степени, максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.

Подготви: Славчо Попоски