Како што објави на својот официјален фејсбук профил Друштвото за заштита на животните „Фауна“-Струмица, ситуацијата во градот е алармантна бидејќи е расфрлен отров за тровење на уличните кучиња. Како што објавија тие, добиле информации дека е расфрлено отров на патот кај „стариот кружен тек“ се до СОУ „Никола Карев“-Струмица. Само синоќа биле отруени три кучиња. Апелираат луѓето да внимаваат на нивните дечиња и на нивните домашни миленици.