strumica denes logo

СВР СТРУМИЦА: ЗАПЛЕНЕТИ НАД ШЕСТ КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА!

Автор:

Датум:

ноември 3, 2018

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

ноември 3, 2018

Категории:

Хроника

Секторот за внатрешни работи Струмица – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство во Велес, поднесе кривична пријава против М.К.(48) од село Стојаково, општиа Богданци, поради постоење на основано сомневање дека пријавениот сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ предвидено по член 215 став 1 од Кривичен законик. . По добиена Наредба за претрес од Основен Суд Гевгелија, на 30.10.2018 година, извршен е претрес во домот на пријавениот, по што пронајдена е марихуана која заедно со останатите пронајдени предмети со Потврда за привремено одземени предмети се одземени и доставени на вештачење. Од вештачењето е констатирано дека пронајдената марихуана е со нето маса од над шест килограми.