strumica denes logo

Зоран Ѓоршоски: Не знаеме да си ги цениме нашите величини, во Италија тој Пандев е БОГ!

Автор:

Датум:

ноември 3, 2018

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

ноември 3, 2018

Категории:

Хроника

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Струмички резил!!!Завчера главната вест, или пак една од главните во Македонија, беше онаа која дојде од Струмица. Дека вандали ја украле поставената ѕвезда на Горан Пандев градскиот плоштад. Шокантно…
Па и не е баш ако се знае каде живееме и каква е оваа држава, какви луѓе живеат во неа. Навистина чудно. Да се сквернави белегот на иконата на Струмица, поставен поради тоа што Пандев во 2010 година стана европски и светски првак со Интер. Настан по кој сите во Европа дознаа каде е таа Струмица.

И еве како таа Струмица му враќа на Пандев. Не сакаме да прејудицираме чиј е овој вандалски чин, нека МВР си ја одработи својата работа. Не сакаме ни да помислиме дека сега некој тера инает со Пандев, со најдобриот фудбалер во историјата на Македонија, па сега му пакости на овој начин.
Ние не знаеме да си ги цениме нашите величини, во Италија тој Пандев е БОГ. А кај нас? Ние не сакаме да помислиме дека има такви ситни души кои не признаваат успех, кои со овој вандалски чин упатуваат порака до некого, веројатно до самиот Пандев.

И да, за нас ова е дело на БУДАЛИ… а не на вандали. Само будала може да смисли вакво нешто и да го оствари.

Само во неколку реченици кој е Пандев?

Горан Пандев одиграл 98 мечеви за нашата репрезентација. Тој е најдобриот стрелец, капитенот на фудбалска Македонија. Освојувал титули, куп пехари, бил европски и светски првак. Од свој џеб издржува клуб кој е за пример во Македонија и вложил 4.000.000 евра во фудбалски комплекс.

Е па БУДАЛИ едни, ова се само дел од причините зошто мора да го почитувате ГОЧЕ…