strumica denes logo

Твитерџија од Струмица споделил расистичка и ксeнoфобична содржина, ќе одговара кривично!

Автор:

Датум:

ноември 2, 2018

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

ноември 2, 2018

Категории:

Хроника

Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, до надлежното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против И.С.(41) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурност“ и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На социјалната мрежа Твитер на 19.10.2018 во 09:20 часот, споделил расистичка и кснефобична содржина наменета за лицето С.А.. И.С. бил повикан на службен разговор во СВР Струмица, каде појаснил дека Твитер профилот на кој е споделена објавата е негов и дека тој е автор на објавата.