Детството несомнено е најбезгрижниот период од животот на човекот. Исполнето со многу игри, дружби и незаборавни моменти, тоа претставува патот кон правилната социјализација на една личност и ја зазема најважната улога во постигнувањето зрелост. Во продолжение, на каков начин растеа струмичките деца во осумдесетитте и деведесетите години од минатиот век.
- Требаше да чекаш со часови да стигнеш на ред да го користиш својот фиксен телефон, зошто линиите се мешаа со оние на соседот. Дома избувнуваше војна да се крене слушалка при повик, зошто телефонот беше вистинско чудо.
- „Сакате ли војна“ се слушаше низ струмичките улици и сокаци.
- Се гледаше „Мечето Ушко“ и веќе во 19 и 15 беше време за спиење.
- Девојчињата собираа и се разменуваа со различни салветки.
- Авионите фрлаа летки, а децата се собираат и викаат „Чичко пушти леткиии!“
- Се читаа детските списанија – „Другарче“, „Развигор“ и „Наш свет“.
- Детските екскурзии беа во едно и единствено место – детското одмаралиште на Суви Лак.
- Телевизорот со слика во боја беше атракција.
- Во продавница, со часови чекаш ред за да си купиш еден литар млеко.
- Децата чии родители работеа во државните фирми добиваа богати пакетчиња за новогодишните празници, а некои и бесплатни книги.