Еден од поголемите проблеми во струмичко е токму депонијата во Добрашинци. Веќе повеќе пати објавуваме за неа, но овојпат во порака ни пристигна информација во која читателот наведува дека на депонијата се одгледуваат и свињи кои подоцна завршувале на нашите трпези.
„Таа депонија веќе скоро деценија и половина се пали од страна на вработените во ЈКП „Комуналец“ и на истата таа депонија што ја загадува целата околина и околните места се одгледуваат свињи чие месо потоа преку Куманово и Св.Николе пристигнува на нашите трпези. Брав башибозук. Инаку од истата таа депонија во реката Турија се влева поточе, а Турија нели оди во Р.Струмица. Катастрофални последици“ – пишува тој.