Статистиките покажуваат дека оние кои се редовни онлајн купувачи, нарачуваат нешто барем еднаш неделно.
Светот и технологијата одат напред и многумина не се плашат од ризикот, но искуството покажува дека многупати и зажалиле што нарачале нешто онлајн.
Сепак, за голем дел тоа не значи дека престануваат да купуваат онлајн, а за некои пак, тоа е веројатно последното купување на интернет.
Иако онлајн продажбата го олеснува животот, сепак постојат некои производи кои едноставно треба да ги пробате и проверите пред да ги купите, а интернетот не ви го овозможува тоа.
Не мора целосно да се откажете од овој начин на купување, но избегнувајте го купувањето на овие работи онлајн:
Мебел
Ако димензиите на мебелот не се напишани, веднаш откажете се. Но, дури и да се, сликата не гарантира за бојата и материјалот, квалитетот и удобноста, а сепак се работи за нешто што секојдневно треба да го користите и не е воопшто евтино.
Душек
Квалитетот на душекот има директно влијание врз сонот, па за да не патите од болка во грбот секое утро, купувајте душек од продавница каде претходно ќе го испробате.
Чевли
Иако знаете кој број на чевли го носите, сепак нивната големина зависи од моделот и брендот, па никогаш не може да бидете сигурни дали ќе ви бидат точни.
Плус, многу често она што го гледате на слика, во живо може да биде многу поразлично, па зошто да се нервирате и да враќате иако сте ги планирале?
Музички инструменти
Кога нарачувате музички инструменти онлајн, не може да го процените звукот кои тие го пуштаат пред купување.
Исто така, тие се многу кршливи, па ако не се соодветно спакувани, може да се уништат додека стигнат до вашиот дом.
Цвеќиња
Во последно време може да се најдат многу места од каде може да нарачате цвеќе кое го доставуваат до вратата на некој ваш сакан.
Но, освен ако не е проверена продавницата, не ризикувајте да нарачате од секаде, бидејќи може да се засрамите со она што ќе стигне, со оглед на тоа што не знаете колку е свежо и дали се уништило при доставата.
Козметика
Ако нарачувате од сигурна продавница производи кои веќе претходно сте ги користеле, е во ред.
Но, за нови козметички производи, подобро е да одите во продавница и да ги пробате.