Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за поскапување на нафтените деривати.
Од ноќеска бензинот супер 95 поскапува за половина денар и ќе се продава по цена од 72,50 денари.
Цената на супер 98 не се менува и ќе се точи за 74 денари.
Дизелот и екстра лесното масло за домаќинства поскапуваат за 1,5о денари и ќе се продаваат за 66 денари по литар, а екстралесното масло за 54 и пол денари.
Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,347 ден/кг и од утре ќе изнесува 34,351 ден/кг.
Од Регулаторна објасуваат дека новите зголемени цени се резултат на повисоката цена на суровата нафта на светските берзи за 3.61% и на понискиот курс на денарот во однос на доларот за 1.4% во изминативе две недели.