За прв пат во историјата на македонскиот авто спорт, во сезоната 2018 ќе се организира шампионат на Македонија во авто слалом. Право на настап имаат сите кои поседуваат возачка дозвола, натпреварувачка лиценца издадена од АФМ и животно осигуруванје за авто натпревари.
Возилата ќе бидат поделени во 4 класи, од кои 2 за стандардни возила, за зафатнина на моторот до 1.600к и над 1.600к и 2 клади за трчаки возила до 1.600к и над 1.600к. Слаломот во Струмица е во организација на АКК ПРИМО АВЈ од Скопје!