strumica denes logo

Струмичанец почина по страшна сообраќајка кај скопскиот аеродром, 11-годишно дете и уште еден сопатник пренесени во болница!

Автор:

Датум:

септември 11, 2018

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

септември 11, 2018

Категории:

Хроника

Вчера во 17.40 часот на автопат Велес – Куманово, кај исклучокот за Аеродром „Скопје“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд Мондео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(50) од Скопје и патничко возило „Опел Астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.К.(42) од с.Дабиле, струмичко.

В.К. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал.

Со тешки телесни повреди се здобиле и сопатниците во возилото „Опел Астра“, А.А.(43) од с.Вељуса, струмичко и 11-годишно дете од с. Дабиле, струмичко.

Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болниците „8- ми Септември“ и „Св.Наум Охридски“.Извршен е увид на местото на настанот.

По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.