Вчера во посета на ФК БЕЛАСИЦА беа децата од детската градинка “Детска Радост”. Заедно со координаторот на младинската школа Ацо Стојанов и Зоран Балдовалиев направија кратка прошетка на стадионот “Младост“.
Покрај разгледувањето на клубските простории на стадионот “Младост“, дечињата присуствуваа и на теренот со вештачка трева каде нашите најмлади фудбалери денес одиграа неколку пријателски натпревари.