Во склоп на проектот „Нега во твојот дом” кој веќе постои година дена, тимот на „Дијаконија Македонија“ одлучи да изврши еднодневно бесплатно мерење на крвен притисок и шеќер во крвта за сите граѓани на Струмица и околината.
Пунктот ќе биде лоциран пред трговскиот центар Глобал.
Ве очекуваме на 11.09.2018 год. (Вторник) од 9:00 до 16:00 часот.
Повелете одблизу да се запознаете со работата и дејноста на нашиот тим.
Дејноста на тимот од проектот „Нега во твојот дом” организиран од „Дијаконија Македонија“ е да им помогне на ранливата група граѓани кои се во повозрасни години односно старите, изнемоштени и осамени лица.
За потребите на овие луѓе составивме медицински тим кој е составен од медицинска сестра и физиотерапевт.
Тимот е задолжен да ги слушне здравствените проблеми на луѓето, па да помогне од медицински аспект со мерење на крвен притисок, мерење на шеќер во крвта, масажа, вежби, хранење, одржување на хигиената на самите лица или просторијата во која живеат, совети и контрола на моменталната здравствена состојба.
Посетите се одвиваат еднаш неделно кај секој корисник.
Освен од медицински карактер тимот извршува помош и од хуманитарен карактер, како на пример купување лекови од аптека, пазарување од продавница и слично