strumica denes logo

ПРЕМИЕРА НА „ПЕТТИОТ ЧИН“ ВО СТРУМИЧКИ ТЕАТАР!

Автор:

Датум:

септември 4, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

септември 4, 2018

Категории:

Култура

ИЗВОР: МАКПРЕСС

Со претставата „Петтиот чин“ од црногорскиот автор Љубомир Ѓурковиќ, актерите Брано Бенинов и Ванчо Крстевски ќе одбележат 35 години од нивната игра на штиците што значат живот во Струмичкиот театар „Антон Панов“.

На денешната прес-конференција актерите и режисерот Ник Апер (Нико Горшиќ) од Словенија ги пренесоа своите очекувања од премиерната изведба во среда вечер.

– Со мојата режија сакам на симболичен начин да се заблагодарам на управата на театарот и на струмичани, бидејќи доживеав многу убави денови на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ и сум еден од лауреатите на престижната награда. Претставата ја подготвивме со голема леснотија благодарение на компплетнта екипа, рече режисерот Апер.

Актерот Ванчо Крстевски истакна дека подобра претстава за големиот јубилеј не можеле да изберат од „Петтиот чин“.

– Работата со режисерот ни беше многу лесна и подготовките на претставата поминаа многу убаво и во целина сум многу задоволен од проектот, рече актерот Ванчо Крстевски.

За актерот Бранко Бенинов токму ова претстава е за двајца актери кои слават свој јубилеј. – Во претстава сме Мартин и Арсен, но исто како да сме Бранко и Ванчо. Дури и начинот на кој успеавме толку приватно да ја донесеме претставата на сцена, што и самите сме изненадени од многу работи кои си ги кажуваме во претставата. Сметам дека претставата ќе има долг век, рече Бенинов.

Претставата е селектирана за претстојниот Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ што секоја година се одржува во Струмица.

Музиката е на Влатко Стефановски, преводот, сценографијата и костимографијата се на Иванка Апостолова, драматугијата е на Загорка Поп Антоска-Андовска, а покрај двајцата актери, како Кустос настапува и Ацо Гогов.