Во рамки на кампањата „Излези за европска Македонија“, во понеделник, на 3-ти септември, со почеток во 18.30 часот, на улица „Младинска“, во близина на ОУ „Никола Вапцаров“ во Струмица, ќе се одржи средба со граѓани.
На средбата, како што се вели во поканата, ќе бидат разговарани сите предности и отворени прашања со кои се соочени граѓаните пред референдумот.
Покрај тоа, ќе се разговара и за дилемите кои се појавија во јавноста, со цел граѓаните да бидат целосно и правилно информирани за да можат да донесат вистинска одлука.
Говорник на граѓанскиот собир ќе биде Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.