Летните горештини и променливото време, одморите и активностите поврзани со земјоделието не се пречка Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Василево да ја реализира акцијата Лето за Македонија. Според објавите таа се одвива така што членовите на партијата ги посетуват сограѓаните во нивните домови, во непосредната средина и разговарат за нивните проблеми и потреби. Претседателот Живко Атанасов заедно со членови на Комитетот, претседателот на УМС за Василево Марјан Јанев и Унијата на жени, заедно со членови од Месниот комитет го посетија населено место Дукатино. Еве ја изјавата на претседателот Живко Атанасов.
ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ ВАСИЛЕВО ВО ТЕКОТ НА НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ ЈА РЕАЛИЗИРА АКЦИЈАТА ЛЕТО ЗА МАКЕДОНИЈА. ВО РАМКИТЕ НА АКЦИЈАТА ПОСЕТИВМЕ ПОВЕЌЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА, ДЕНЕСКА СМЕ ВО НАСЕЛЕНО МЕСТО ДУКАТИНО. ПРЕДВИДЕНО Е ДА ГИ ПОСЕТИМЕ СИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА И СЕКОЈ ДОМ, ДА СЕ СРЕТНЕМЕ СО СЕКОЈ ПОЕДИНЕЦ. АКЦИЈАТА ЈА РЕАЛИЗИРАТ ПОВЕЌЕ НАШИ ЧЛЕНОВИ И СЕКАДЕ КАДЕ ШТО ПРАВИМЕ ПОСЕТА НАИДУВАМЕ НА ПОЗИТИВЕН ОДГОВОР.
СОГРАЃАНИТЕ ГИ ИСТАКНУВАТ ПРОБЛЕМИТЕ СО НИСКИОТ СТАНДАРД, МИГРАЦИЈАТА НА МЛАДИТЕ, ПРОБЛЕМОТ СО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО И ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ПОТРЕБИ. ОД НАША СТРАНА СЕКОЈ ДОБИВА УВЕРУВАЊЕ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ Е ТУКА ВО ЗАЕДНИЧКАТА БОРБА ДА ГИ НАДМИНЕМЕ ОВИЕ МРАЧНИ ПРЕМРЕЖЈА И ДА ЈА ТРГНЕМЕ ОВАА НЕНАРОДНА ВЛАСТ. ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ СОГРАЃАНИ ДА НИ СЕ ПРИДРУЖАТ. НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА.