strumica denes logo

ЈАНЕ КИРОВ: БИТКАТА НА БЕЛАСИЦА Е ИЗГУБЕНА – ВОЈНАТА ЗА ВИСТИНАТА ПРОДОЛЖУВА!

Автор:

Датум:

септември 28, 2019

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

септември 28, 2019

Категории:

Култура

ЈАНЕ КИРОВ: 

Византискиот цар Василиј II во 1014 година се обидува да го пробие штитот што на Клуч го изградил Цар Самоил ( во Алексијада неговата внука Ана Комнен го нарекува Цар Макрин) но, по долги обиди византијците не успеваат. Тогаш една поголема единица ромеи по сртот на Беласица го напаѓа од зад грб Самоил и неговата војска е уништена, а тој со коњ преку Пирго и Струмичките Цареви кули го напушта регионот. Откако ќе ослепи 14.000 војници Цар Василиј II ќе ги прати пред Самоил кој не можејќи да го поднесе овој пораз умира во октомври истата година.

Царството продолжува да постои до 1018 година. Иако историјата освен сведочењето на Скилица нема некои поконкретни податоци најинтересен е моментот на вадењето на очите на 14.000 војници, што се чини за невиден историски злостор и масакар.

Во црквата Света Софија во Цариград на еден од артефактите има испишано рунако писмо од Варјазите- кои биле суровата лична војска на Василиј II. Нивното однесување било диво и сурово одредот броел околу илјада луѓе. Историјата сведочи дека користеле течност со која ги премачкувале очите на непријателот. Откако таа течност ќе навлезе во окото предизвикува слепило и неиздржлива болка.

Цар Самоил и неговиот брат Арон го посетиле германскиот цар Ото во 973 година и му подариле завеса на која е претставен великиот Александар Македонски. За време на востанијата после Берлинскиот конгрес востанатите интелектуалци Самоил го доживуват како дел од државниот континуитет на новата држава

. Да потсетиме дека Привремената македонска влада во 1881 година е формирана во Островско во кулата на Гаврило и Петар Дељан потомци на Самоил. Илинденците за време на востанието го нарекуват Самоил македонски цар.

Денеска ги гледам остатоците од Царевата кула во Струмица. Овде под кулата сопругата на Гаврило, Марија и Охридскиот Патријарх доведени со стража на два коњи го потпишале поразот на царството.

Слава на Цар Самоил, на неговата војска ослепена, на оние кои гинеле во борба за Македонија. Должност на историјата е да ги расветлува човечките судбини за да биде учителка на идните поколенија, наместо да создава расправа и дополнителен раздор.