strumica denes logo

„Радио Марија Македонија“ – првото верско радио почнува во Струмица

Автор:

Датум:

јули 19, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јули 19, 2018

Категории:

Култура

Во последниот 136 број на „Службен весник“ објавена е одлуката на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за јавен конкурс за доделување дозвола за непрофитно радио на локлано ниво.

„Се објавува јавен конкурс за доделување 1 (една) дозвола за непрофитна радиодифузна установа мза радио емитување на програмски сервис, наменет за христијанското население, на подрачјето на општина Струмица, на локално ниво, на македонски јазик, кој ќе се емитува преку радиофреквенција определена од страна на Агенцијата за електронски комуникации
на РМ, и тоа: 106.5 МHz“, пишува во објавата.

Ова е првпат Советот на АВМУ да даде дозвола за медиум што речиси целосно ќе има програма со верска содржина. До Агенцијата биле доставени барања од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и од организацијата „Марија Македонија“ за радиофреквенција за емитување ваква програма.

АВМУ направила студија за тоа дали има потреба за тоа, а АЕК известила дека на територија на Општина Струмица има слободна фрекфенција. Дозволата се доделува за временски период од 9 години.