strumica denes logo

ОД СВР СТРУМИЦА АПЕЛИРААТ: ДОКОЛКУ СЕ ВОЗИ МОТОР ПО КОРЗОТО И ПЛОШТАДОТ СЛЕДУВААТ КАЗНИ!

Автор:

Датум:

јули 19, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јули 19, 2018

Категории:

Култура


Од Секторот за внатрешни работи Струмица – Полициска станица за безбедност во патниот сообраќај, информираат дека во претстојниот период ќе врши засилени контроли на улиците во централното градско подрачје, периферните улици како и населените места во Струмица, поради очекуваната зголемена фреквенција на учесниците во сообраќајот кои управуваат велосипед со мотор, мопеди и мотоцикли.

„За таа цел апелираме до сите учесници во сообраќајот на почитување на сообраќајната вертикална и хоризонтална сигнализација, поточно возачите кои управуваат велосипед со мотор, мопеди и мотоцикли да не се движат по градското шеталиште, плоштадот „Гоце Делчев“, улицата „Благој Јанков Мучето“ – градскиот парк и улицата „11-ти Октомври“ во Струмица, кои се предвидени како „пешачки патеки“ по кои е дозволено исклучиво движење на пешаци, а не на моторни возила. За сите оние учесници во сообраќајот кои нема да ги почитуваат законските одредби ќе бидеме принудени да постапуваме согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила“ – велат од Струмичката полиција.