strumica denes logo

Се одржа стручна работилница „Унапредување на безбедноста на патиштата на локално ниво“

Автор:

Датум:

јули 19, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јули 19, 2018

Категории:

Култура

Во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, СВР-Струмица и општина Струмица, со присуство на претставници од училиштата, здруженија на граѓани и јавните претпријатија, во Домот на АРМ се реализираше стручна работилница, на која беше разгледана актуелната состојба со безбедноста на сообраќајот на патиштата, со посебен осврт на територијата на општина Струмица. Од страна на присутните, секој од својата надлежност, ги презентираа показателите за сторени сообраќајни прекршоци, сообраќајни несреќи, изградена патна инфраструктура и поставена сообраќајна сигнализација. Посебен акцент беше даден на појавата на уништување на сообраќајните знаци и друга патна сигнализација, особено на местата каде постои одредена забрана, потоа на зголемениот број на ноќни трки и бучава на мотори низ главните булевари во градот, движењето на мотори низ пешачката зона на плоштадот, намалената безбедност на пешаците и велосипедистите и други актуелни ситуации.
На крајот од работилницата беа донесени одредени заклучоци, кои се однесуваат на унапредување на соработката помеѓу надлежните субјекти, размена на ставови, мислења и практични искуства за предлог мерки и активности за побезбеден сообраќај на локално ниво. За училиштата беше посебно нагласено дека е потребно да се воведат наставни програми од областа на безбедноста во сообраќајот како и да се организираат сообраќајни единици-тимови од ученици, за обезбедување на пешачката зона пред училиштата.
Во таа насока, произлезе и заеднички став со апел за сите учесници во сообраќајот, за почитување на сообраќајната сигнализација, условите на патиштата и воопшто безбедно и одговорно возење без употреба на алкохол и мобилни телефони како најчести предизвикувачи на сообраќајни незгоди.