Околу 13:00 часот денеска струмичко го зафати големо невреме проследено од град, пороен дожд и ветер. Земјоделците од повеќе населени места ни испраќаат фотографии барајќи нивниот глас да допре до потребните институции. Како што може да забележиме по фотографиите, невремето предизвикало огромни штети врз земјоделските производи.