strumica denes logo

СВР Струмица најави интензивни мерки за присуство на малолетници во угостителски објекти по 24:00 часот

Автор:

Датум:

јуни 27, 2018

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

јуни 27, 2018

Категории:

Хроника


Секторот за внатрешни работи-Струмица, во рамките на своите надлежности во текот на претстојните летни месеци ќе превземе интензивни мерки и активности, имајќи ја во предвид зголемената раздвиженоста во угостителските објекти, пред се во кафулињата, на летните тераси и во дискотеките во кои, по започнување на училишниот распуст, уште позабележително ќе биде присуството на младите, посебно во вечерните часови. Активностите ќе бидат насочени на: присуство на малолетници во угостителски објекти после 24,00 часот, точењето алкохолни пијалоци на малолетни лица и прегласната музика која неретко ги вознемирува граѓаните, а пред се оние што живеат во близина на угостителските објекти.
Секторот за внатрешни работи –Струмица, апелира до сопствениците на угостителските објекти, кафулиња, дискотеки, ноќни барови и други, да внимаваат на јачината на музиката што ја пуштаат во нивните локали или ја свират музички групи. Во спротивно, ќе се соочат со пријави и глоба која се движи од 500 до 1000 евра во денарска противвредност и плус 200 до 500 евра за одговорното лице на правното лице. Доколку, пак, станува збор за трговец-поединец, глобата изнесува од 500 до 800 евра, доколку не превземе конкретни мерки да го спречи нарушувањето на јавниот ред и мир во неговиот објект.
Секторот за внатрешни работи – Струмица, апелира, угостителите да не дозволуваат присуство на малолетници во угостителските објекти по 24,00 часот, ниту да ги послужуваат со алкохолни пијалаци. За послужување алкохол на малолетници, угостителите можат да бидат и кривично гонети.
Доколку се констатира состојба спротивна на Законот истата соодветно ќе се санкционира.

Началник на СВР-Струмица Танчо Пројковски