НА ДЕНЕШЕН ДЕН Е ИЗГОРЕН КУКУШ!
Илјадници кукушани и од околните помали места ги напуштаат своите живеалишта и поголемиот број преку Беласица пристигат во Струмица.
Сведоштвaта велат дека кукушаните додека го гледале чадот од пожарот кој се издига високо со солзи извикувале “Збогум Кукуш”
Сведоштвата на Владимир Алексов Караманов кој бил окружен управител за Кукуш и денеска потсетуват на еден од најдраматичните и крвави историски спомени на македонците.
На денешен ден започнуват борбите за Кукуш по што грчката војска го опожарува градот и за неколку дена тој е срамнет со земјата.
Во Кукуш ги оставиле своите живеалишта, дуќаните, посеаните ниви а голем број од бегалците, деца и старци и болни биле убиени или починале скоро по тие денови.
Сведоштвото на споментатиот чиновник вели дека кукушаните додека го гледале чадот од пожарот кој се издига високо со солзи извикувале “Збогум Кукуш”