strumica denes logo

СВР СТРУМИЦА СПРОВЕДЕ УСПЕШНА АКЦИЈА ЗА ФАЌАЊЕ НА ДИЛЕРИ НА ДРОГА!

Автор:

Датум:

јуни 10, 2018

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

јуни 10, 2018

Категории:

Хроника

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.М. (39) и С.И. (33), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’. На 05.06.2018 година околу 23.30 часот на автопатот Велес – Скопје, кај наплатна рампа „Петровец“, при преглед на товарно возило, сопственост и управувано од второпријавениот, биле пронајдени и одземени картонски кутии во кои имало 276,2 грама марихуана и 188,25 грама хашиш, кои првопријавениот му ги дал да ги достави на лице во Скопје.