Струмичанец се обидел да силува малолетничка во нејзината куќа. Според информациите на полицијата, инцидентот се случил пред два дена.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.К. (41) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување во обид. На 6 јуни околу 10 часот во Струмица, во куќата на С.Д., додека таа не била присутна, пријавениот се обидел ја силува нејзината малолетна ќерка. Според информациите од полицијата, девојчето едвај се спасило од манијакот давајќи му отпор по што тој избегал од куќата.