Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против 55- годишниот К.Ж од село Горно Ињево-радовишко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
На 25.05.2018 година околу 17,00 часот во село Горно Ињево во близина на куќата на С.К. татко на пријавениот, во вербална расправија пријавениот физички го нападнал С.К. при што му нанел тешки телесни повреди.