А.С. (41) од село Турново, управувајќи трактор „Фергусон Масеј“, изгубил контрола и се превртел по што, од здобиените повреди починал на самото место.
Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера попладне околу 17:15 часот на локалниот пат од село Турново – село Бориево, Струмичко.
Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ИЗВОР: МИА